Донесете го серверот во нашиот датацентар, а сè останато е наша грижа.

Идеално решение за големи корисници кои сакаат опремата да ја сместат во климатизирана просторија со 24 часовен надзор, редундантно напојување и најбрз интернет линк.
Ваше е само да го донесете серверот во датацентарот на Телесмарт Телеком, се останато е наша грижа.
Skopje Exchange Teleroom (SET) е одлично место за колокација и интерконекциски сервиси како PoP и vPoP. Истиот за телекомуникациските носители и провајдери преставува ефикасна берза за интегрирани широкопојасни и комуникациски сервиси.
SET поседува стандардизирано DC електрично напојување (-48V DC) за опремата за пренос на податоци, какви што се SDH мултиплексните системи, како и дополнително AC напојување (220V AC) доколку е потребно.
Carrier List
Галерија
Максималната сигурност од електрични испади и прекин на електрична енергија се одржува преку користење на напојување од два независни мрежни извори, генератори и двостепен Uninterruptible Power Supply (UPS) систем со backup батерии.
Колокациските простории се под постојан надзор за температурни и промени на влажноста кои се одржуваат преку централен климатизационен систем.
Противпожарната сигурност се базира на сопствен систем за детекција на пожар комбиниран со FM-200 противпожарен, нетоксичен, еко-гас.
Телекомуникациската опрема се интегрира во постоечките ТК-ормари, со можност за поставување на дополнителни заштитни кафези.
Физичка безбедност на просториите се постигнува преку троен систем на заштита: двојно блиндирана влезна врата, постојан видео надзор со детектирање на движења во и околу просториите и безбедносен сервис 24/7.